Инцидентот сѐ уште трае
“Уште ништо не е готово, нуклеарниот инцидент продолжува и денес. Во вториот и третиот реактор сѐ уште постои радиоактивно гориво и, што и да тврдат во Tepco, факт е дека мали количини на контаминирана вода продолжува да истекува во животната средина, секој ден”, рече Кан.
Тој вели дека од поранешен поддржувач на нуклеарна енергија по сопственото искуство тој се претвори во нејзиниот голем противник. “Јас се свртев за 180 степени. Мора да се земе во предвид рамнотежа помеѓу ризикот и користа. Растворањето на јадрото на еден реактор може да уништи цела електрана, и без разлика колку е мала можноста тоа навистина да се случи, ризикот е премногу голем “, мисли Кан.
Поради жестоките критики дека не се снашол во целата криза, Кан, неколку месеци по катастрофата загуби на изборите. Започна и парламентарна истрага, го обвинувале дека ги попречуваше работниците, кога одлучил лично да ја посети Фукушима, дека ги криел информациите…
Сепак, уште една независна истрага покажала дека токму Кановата наредба според која “Педесетмина од Фукушима” останале во електраната биле клучот за избегнување на поголема катастрофа. “Отидов во ТЕПКО и побарав да не ги евакуираат. До денешен ден, ме напаѓаат за тоа, но јас сѐ уште мислам дека тоа беше добар потег и беше критичен момент на целата криза “, вели Кан, во интервјуто за Дејли Телеграф.
Тој рече дека жали што во јавноста не ги објави резултатите од компјутерското предвидување за ширењето на радијацијата, кои подоцна се покажале сосема прецизни. “Па така, некои области биле изложени на висока радијација”, рече тој.
Својот наследник во премиерското столче на Shinza Abe го критикуваше заради одлуката да врати во погон дел од нуклеарната електрана, кои по катастрофата во Фукушима сите биле затворени. “Ние ги затвораме очите пред опасноста од нова катастрофа”, убеден е Кан и истакнува дека потезите на Абе не наидуваат на поддршка од јавноста.
“Да, подигнале повеќе одбранбени ѕидови во случај на нов цунами, но мислам дека тоа не е доволно. Ние дури и не треба да градиме нуклеарни централи таму каде што постои опасност за населението. Преживеавме без нуклеарни централи неколку години по цунамито, очигледно е дека ние можеме без нив “, вели Кан.
Извор: jutarnji.hr
Н О В О !!!
my World
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување