Што навистина се случило во Фукушима? Како во последен момент е избегната катаклизмата на Токио! Видео

1077

Поранешниот јапонски премиер Наото Кан, кој на должност на претседател на Владата за време на катастрофалниот земјотрес, кој пред пет години предизвика катастрофален цунами, во големата исповед за британскиот Дејли Телеграф открил досега непознати и навистина шокантни детали за драмата која се случила по ударот на плимниот бран.

Кан тврди дека неговата земја за влакно ја избегнала нуклеарната катаклизма во која би биле евакуирани дури 50 милиони луѓе.

Тој ја опиша паниката и безредието во самиот врв на власта која се обидувала да се справи со тешката ситуација во нуклеарната централа Фукушима Даичи. Тој рече дека тој сериозно размислувал да нареди евакуација на целиот Токио и целиот простор во кругот од 250 километри од електраната и да воведе вонредна состојба.

“Опстојувањето на Јапонија било под знак на прашалник. Нешто од толку големи размери како што би била евакуација на 50 милиони луѓе би било како тежок пораз во голема војна “, вели Кан.

Тој призна дека самиот бил преплашен, и дека од ТЕПКО, компанијата која управувала со нуклеарната централа, нема добиено јасни информации за состојбата во Фукушима. “Ме шокираше Nobuaki Terasaka, нашиот поранешен директор на Агенцијата за нуклеарна и индустриска безбедност. Го прашавме што се случува, тој немаше одговор. Го прашавме дали тој знае воопшто нешто за нуклеарната енергија, а тој одговорил дека нема поим, дека тој студирал економија … “, рече Кан.

Terasaki подоцна бил сменет, а против директорот на ТЕПКО Tsunehisa Katsumata, кој бил уште еден член на Кановата кризна работна група, минатата недела го обвинил за неуспех во целата ситуација.

Како што е познато, тој кобен 11 март 2011 година, подморската површина во близина на Јапонија ја потресе земјотрес со јачина од 9,0, што било најсилно тресење кое воопшто било забележено во Јапонија. Потоа тој формирал големо цунами кое ги опустошил одбранбените ѕидови изградени околу нуклеарната централа, по што контролната соба останала без електрична енергија и сите системи за ладење во реакторите престанале да работат. Радиоактивното гориво во три од шесте реактори многу се загреале, при што се насобрало толку многу од експлозивниот водород така што попукале ѕидови на заштитната зграда и радијацијата почнала да “истекува” во животната средина.

Продолжува на страна 2