Што навистина се случило во Фукушима? Како во последен момент е избегната катаклизмата на Токио! Видео

1451

“Се наежив”

“Кога ја примивме веста дека нема електрична енергија и дека откажало ладењето, ми поминаа морници. Од 11 до 15 март радиоактивна контаминација рапидно се ширеше. Од 16 до 20 март успеавме да го запреме ширењето, но нѝ остана малку простор. Ако на останатите три реактори се растопиле јадрата, тоа сигурно ќе имаше влијание на Токио”, вели Кан.

“Речиси од самиот почеток бев многу загрижен за Токио. Сериозно размислував дека треба да направиме план за евакуација. Владата по земјотресот во 1923 година воведе вонредна состојба … И јас размислував да го сторам истото, ако биде потребно “, рече тој.

“Со големи тешкотии успеавме да избегнеме формирање на евакуациска зона во рамките на 250 километри од нуклеарната централа, беше за влакно, благодарение на напорната работа на луѓето кои ги ризикувале своите животи. Ако се повтори слична ситуација, можеби нема да имаме толку среќа “, вели Кан.

Како што можеше да се види во драматичните снимки од камерите за надзор, кои беа објавени во 2012 година, вработените во електраната, ги нарекуваа “Педесетмината од Фукушима”, под запалени факели се обидувале да се справат со инструкциите во упатството за вонредни ситуации и крајно збунувачки и контрадикторни наредби на нивните шефови на ТЕПКО. Во еден момент тие добија наредба да одат до своите автомобили и да ги извадат акумулаторите со помош на кои би ги оспособиле системите за ладење на реакторите.

На работ на harakiri

Тотална катастрофа била избегната дури откако во реакторите е впумпана морска вода. Главниот оперативен шеф на електраната, Масао Јошида, подоцна изјави дека од очај бил на работ на извршување harakiri.

Поранешниот премиер рече дека тој морал да се повлече во изолирана соба откако атмосферата во владиниот кризен штаб станала многу бучна. “Речиси и да не пристигнуваа прецизни информации до нас, беше невозможно да се донесуваат одлуки. Не се сметам за нуклеарен експерт, но на факултет ја отслушав физиката и знаев дека, дури и врз основа на тие трошки кои можевме да ги слушнеме, постои можност дека ова ќе биде полошо и од Чернобил. Во Чернобил се случи страшна катастрофа, но таму имаше само еден реактор, а кај нас ги имаше шест”, вели Кан.

Иако радијацијата во Фукушима во почетокот не однесе човечки жртви, сепак, предизвикала евакуација на околу 400.000 луѓе, од кои повеќето сѐ уште не можат да се вратат во своите домови. Неколку стотици илјади луѓе избегале во паника и целиот регион околу Фукушима едноставно замре.

Денес, областа во кругот од 20 километри од нуклеарната централа останува забранета зона, а во поширокиот регион неодамна спроведени истражувања покажале поголема инциденца на рак кај децата.

Продолжува на страна 3