Што е автофагија (autophagy)? Придобивки и како да се постигне автофагија

16322

Со автофагијата против бактериски и вирусни инфекции

Автофагијата ќе го спречи појавувањето и развојот на разни вируси, грип, како и бактериски инфекции. Така добро ќе дојде во типични периоди од годината кога се актуелни епидемиите. Со автофагијата, имунолошкиот систем неспоредливо подобро работи.

Автофагијата го намалува холестеролот

Маснотиите на крвните садови можат драстично да се намалат со процесот на автофагија, со што се подобрува целиот организам.

Исто така, истражувањата покажале дека автофагијата е одлична во борбата против настанувањето и третманот на деменцијата, Алцхајмерова болест и Паркинсонова болест.

Со автофагијата се забавува процесот на стареење

Намалувањето на калориите ќе го забави стареењето, а покрај исхраната (што, кога и колку јадеме), во тоа ќе нѝ помогне и здравата физичка активност. Постот т.е. со автофагијата ќе го донесеме организмот во целосна регенерација, и со тоа ќе се подмладиме.

Кога лошите клетки се самоуништуваат, тогаш започнува процесот на излачување на хормонот за раст (создавање) на нови клетки одн. подмладување. Покрај тоа, во организмот се зголемува и целата животна енергија за секојдневно функционирање.

АВТОФАГИЈА (autophagy) | Зошто медиумите молчат за ова??? Фото/Видео