Тулумби!

118

Потребно

  • 500 гр. вода
  • 400 гр. остро брашно
  • 200 гр. + 1 кг. масло за јадење
  • 6 јајца
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • ½ кесичка прашок за печење
  • Сол

За шербетот

  • 1 л. вода
  • 1 кг. шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 парче лимон

Подготовка

  • Ставете ги водата, 200 гр. масло за јадење, еден ванилин шеќер и малку сол во тенџере на оган да зовријат.
  • Откако ќе зоврие, се тргнува тенџерето од огнот и веднаш се додава брашното во кое претходно имавме ставено половина кесичка прашок за печење.
  • Тоа се мати со маталки за тесто и се остава смесата да отстои додека не се олади. Откако тестото ќе се олади, повторно матиме и ги додаваме јајцата едно по едно.
  • Матиме додека смесата не се изедачи. Потоа го подготвуваме шербетот. Зовриваме 1 литар вода и 1 кг. шеќер, го оставаме да врие 2 минути, го тргаме од огнот и потоа ја додаваме кесичката ванилин шеќер и парчето лимон.
  • Во тенџере на оган ставаме да се загрее 1 кг. масло за јадење. Го полниме калапот (шприц) за толумби со приготвената смеса, и ги истиснуваме во маслото за јадење да се пржат на тивок оган.
  • Пржените толумби веднаш ги ставаме во шербетот, ги свалкуваме и потоа ги ставаме во поголема чинија. Постапката ја повторуваме со сите толумби.
  • Исто така може и најпрво да се испржат толумбите и потоа да се свалкаат една по една во жешкиот шербет.
  • Крајниот резултат е околу 60 парчиња вкусни толумби.