Што е автофагија (autophagy)? Придобивки и како да се постигне автофагија

2814

Во последно време, во медиумите сè повеќе се споменува и зборува за тоа што е автофагијата, за нејзините придобивки и како да се постигне автофагија.

Иако овој феномен е познат многу порано, а го открил јапонскиот научник биолог Јошинори Осуми кој ја добил и Нобеловата награда за медицина во 2016 година; кај нас на оваа информација се посветува особено внимание последниве месеци.

Автофагијата се нарекува и „еликсир на младоста“, а за што станува збор, следи детално објаснување.

Што е автофагија?

Автофагијата е процес на самолекување, иако буквален превод на терминот не би бил толку пријатен за увото – „јадење на самиот себе“; овој процес на заздравување и пред сè спречување на разни нарушувања и болести е многу корисен за рехабилитација на целиот организам. Во телото, автофагијата користи дисфункционални компоненти, еден вид процес на рециклирање, користејќи акумулирани токсини од ткива и клетки. На овој начин, телото преку ослободените клетки се ослободува од патолошки и други нарушувања. Се случува самодетоксикација. Здравите клетки рециклираат оштетени, стари и заболени клетки, како и микроорганизми. Со распаѓање на лошите клетки, овој материјал се користи повторно за балансирање, заздравување и заштита.

Како да се постигне автофагија?

Тоа е еден вид пост т.е. гладувањето е најсилниот активатор на автофагијата. Актофагијата се активира се случува со проток од најмалку 12-16 часа од последниот оброк. Ова е најлесно да се постигне ако ја прескокнеме вечерата, па со самото тоа голем дел од сатницата се префрла во периодот на спиење, а по будењето најчесто, и нема веднаш да бидеме гладни, па така за некое време ќе ја продолжиме сатницата на автофагијата, со што ќе му направиме на нашето тело одлична услуга за целосна рехабилитација и превенција. За време на гладувањето, во мозокот пристигнува информација дека немаме доволно храна и потоа започнува активирање на автофагијата. Наместо вечера, на организмот може да му дозволиме вода, природна лимонада или некој растителен чај, со што ќе се олесни можната потреба од вечерен оброк.

Придобивки од автофагијата

Продолжува на страна 2