Со автофагијата против малигнитет
Автофагијата делува превентивно, но и терапевтски за малигните болести. Во последните децении порастот на малигнитет се зголемува, така што треба внимателно да размислиме на оваа тема. Туморните клетки во процесот на автофагија се препознаваат како вишок, како нешто што е непотребно, и затоа тие се распаѓаат и телото ги рециклира.
Со автофагијата против мозочен и срцев удар
Автофагијата спречува кардиоваскуларни заболувања и рехабилитира во третманот на веќе настанати такви болести; особено во спречувањето на срцев удар. Значи, ќе помогне да се намали и елиминира различна срцева слабост, аритмија, срцев удар, корорнарна болест и слично.
Со автофагијата против автоимуни болести
Пореметување на имунолошкиот систем, поточно, имунитетот ги перцепира своите клетки како нешто туѓо и на тој начин преминува во самоуништување со производство на антитела; И на тој начин се создаваат автоимуни процеси (болести). Автофагијата ќе помогне со своите механизми за чистење балансирање на имунитетот и така ќе го доведе телото до зацелување.
Со автофагијата против дијабетес
Хиперинсулинемија т.е. инсулинска резистенција (отпорност) се случува кога клетките кои одбиваат нормално внесување на инсулин за подобар проток на енергија и функционалност во организмот. Понатаму, ваквото нарушување доведува до вишок телесна тежина, полицистични јајници, како и нарушување на менструалниот циклус, стерилитет, итн. И сето тоа дополнително води кон дијабетес. За време на автофагијата, нивото на инсулин во крвта е многу ниско, што го активира хормонот глукагон (оној што сака да ја зголеми глукозата) и потоа ја извлекува целата преостаната енергија од клетките, доведувајќи го инсулинот во рамнотежа.
Продолжува на страна 3



















