ВАРИОЛА ВЕРА | Југословенски дел од пеколот – Епидемија поради која луѓето 1972 умирале во тешки маки 

1399

Додека бројот на загинати од коронавирусот во Кина се брои со илјади, а скоро 40 000 се заразени, вреди да се потсетиме на една слична зараза која сè уште е прилично свежа во нашата меморија.

Малкумина знаат како избувна последната епидемија на сипаници во Европа, март 1972 година во Југославија.

Тоа е болест која до почетокот на 19 век била една од најмасовните причинители за смрт: се смета дека од неа умирал секој десетти жител на континентот, а згаснала и неколку комплетни кралски династии, вклучително и шкотско-англиското кралско семејство Stewart.

Болеста на почеток манифестира висока температура, но набрзо следат промени на кожата кои се претвораат во плускавци и красти, а потоа настапува внатрешно крварење, откажување на виталните органи и измачување до смрт.

Пред 48 години, оваа зараза во поранешната држава зема околу 40 животи, а вкупно инфицирани биле помеѓу 200 до 300 луѓе.

Поголемиот дел од пациентите се наоѓале во две белградски болници – Клиниката за инфективни болести и Клиниката за дерматовенерологија.

Карантините воспоставени со помош на армијата и полицијата дополнително бие воведени во два хотели и во целата општина Плав во Црна Гора.

Се започна во 1972 година кога Ибрахим Хоти од Ѓаковица, отишол на хаџилук во Мека, од каде се вратил заразен со непозната болест.

Пред носителот на заразата да почине, тој успеал да ифицира уште 11 лица, вклучувајќи го медицинскиот персонал, кој се обидувал да му помогне.

Десет години подоцна, режисерот Горан Марковиќ го снима хорор филмот Variola Vera, една алегорична филмска приказна за општество со политички кариеристи на најодговорни функции кои тешко можат да се носат со било која поголема криза.

Се претпоставува дека болеста започнала да се шири со молскавична брзина дури тогаш кога, возејќи се во истиот автобус со Хоти, се инфицирал и наставникот Латиф Муџиќ (29) од Тутин.

Тој сам заразил најмалку 38 лица, а кога ги добил првите симптоми, се верувало дека станува збор за бенигна алергиска реакција на лек.

По неговата смрт симптомите на вариола ги добива и неговиот брат, а со него тргнува и хаосот: војската на улици, скафандери, гасни маски, ограничено движење, недостаток на информации, тоталитарната психоза.

Пред две години, белградскиот епидемиолог Зоран Радовановиќ, за сè објавил книга. Интересно е што во моментот на појава на епидемијата, само тој од лекарите бил заштитен од инфекции, откако две и пол години пред тоа добил инекција на хиперимун гамаглобулин поради патувањето во Индија.

Оваа епидемија во медиумите на тогашната држава е претставена на два начина. Како голем успех и како мала дамка во функционирањето на системот.

Официјалната вистина е дека со одлучувачки акции на тогашниот мудар врв ефикасно е спречена многу поголема трагедија, но прашањето е дали воопшто би имало трагични последици доколку сипаниците биле откриени на време.

Исто како и во Кина, било воспоставено ембарго на секое давање информации за епидемиолошката состојба. По околу два месеци, официјално бил прогласен крај на опасноста, а веројатно започнала и најмасовната вакцинација во оваа област, во која биле опфатени повеќе од 18 милиони жители на поранешна СФРЈ.

Денес големи сипаници официјално нема во Светот, но видови на ова заболување сè уште се чуваат во воените лаборатории во САД и Русија.

Тие се, наводно, најмоќното биолошко оружје на планетата.

Иако филмот за епидемијата е снимен по десет години, режисерот Горан Марковиќ своевремено рекол дека многу луѓе сè уште се плашат да сведочат за драмата. За да се добие релевантни информации, лекарите од болниците опфатени со инфекцијата тајно ги снимал со диктафон.

Болниците во кои требал да снима, мистериозно ги откажувале дозволите, а во последен момент му биле откажани и клучните улоги, па морал да го ангажира својот татко Раде Марковиќ за улогата на управител на болницата.

Според режисерот, ова му бил најтешкиот филм што некогаш го снимал, а ова искуство, како и самата филмска приказна, го довело до длабоки сомнежи за одржливоста на општеството во кое сме живееле во тоа време.

Нам ни останува да се прашаме како со слична ситуација би се носеле нашите современи, уште повеќе себични, кариеристички и манипулативни општества денес.

Главната улогата во Variola Vera ја толкуваше Раде Шербеџи, а една од неговите филмски реченици – „Pi*ka je polni organ, a pizda je karakterna osobina“ – сè уште е претставува севременски класик од лексиконот на колективната имагинарија.