Секс-биоритам | Во кое време сака тој, а во кое време сака таа

2571

Секс – биоритмот не го земајте здраво за готово затоа што луѓето не се машини . Ако вашиот партнер ве одбие, тоа не значи дека љубовта ја нема. Неговото либидо можеби е “на пауза”, вели сексолог Питер Плац.

Меѓу 6 и 8 часот

Таа: Иако е будна, нејзиното тело уште не е подготвено за секс. Нивото на мелатонинот уште е премногу високо, па дури и телесната температура не е доволно подигната. Жената ќе ужива ако партнерот почне да ја буди со бакнежи, но никако не треба да ја прескокнете предиграта. Направете да биде убаво и бавно.

Тој: Сексуалната возбуда е на својот врв затоа што на мажот му треба енергија за новиот ден. Тогаш се брзи на чкрапалото, па жената не може да очекува ништо повеќе од секс на брзина.

Меѓу 8 и 10 часот

Таа: Жената е сега целосно будна и подготвена за секс. Нивото на ендорфинот, хормонот на среќата, во тоа време во телото на жената го достигнува максимумот, па нема долго да потрае таа да се возбуди.

Тој: Неговиот ум е веќе фокусиран на работа. Нивото на тестостерон кај мажите во ова време веќе се намалува и донекаде се враќа во нормала, па прилично тешко би се разбудил за оние работи.

Меѓу 10 и 12 часот

Таа: Рецепторите за вкус кај жената се сега многу изострени. Токму затоа доцна претпладне е идеално време за максимално задоволство во орален секс.

Тој: Мажот сега своето време го троши во размислување. Тоа е причината зошто во ова време од денот, подобро би размислувал за сексот наместо да направи конкретен чекор кон тоа да нешто од тоа навистина и да се случи.

Меѓу 12 и 14 часот

Таа: Женската активност во овој период од денот кулминира, но таа активност нема никаква врска со сексот. Во оваа фаза, жената тешко ќе се опушти и насочи на секс.

Тој: Мажот е расположен за секс игри. Но неговата изведба во овој дел од денот во голема мера зависни од партнерката. Ако е таа по некоја случајност расположена за страсти, тој ќе даде сѐ од себе да ја задоволи.

Продолжува на страна 3