5 РЕКОНСТРУКЦИРАНИ ЛИЦА ОД ПОЗНАТИ ИСТОРИСКИ ЛИЧНОСТИ

2479

Користејќи ги најновите научни методи како 3Д скенирањето на мумии, форензика, уметнички толкувања и историски факти, научниците успеале да реконструираат некои од легендарните историски личности, како Kopernik , легендарниот млад фараон Tutankhamon или прекрасната кралица Nefertiti .

5. Nikola Copernicus

Mikołaj Kopernik (19 февруари 1473 – 24 мај 1543) бил полски математичар и астроном кој прв го формулирал хелиоцентричниот систем заснован на тврдењата дека Земјата се врти околу својата оска и орбитира околу Сонцето. Научниците многу брзо ја прифатиле неговата теорија, но бидејќи таа се спротивставувала на црковното учење (дека Земјата е центар на Универзумот), папата го забранил ова дело на Коперник во 1616 година, кое останало забрането до 1822 година.

Неговото тело неодамна е пронајдено во една црква во Полска, а ДНК од коските се совпаѓа со ДНК на зачуваните влакна на неговата коса (пронајдени во неговите книги и списи). Полските полициски форензичари се фрлиле на работа и го реконструирале лицето на легендарниот астроном, вклучувајќи детали како скршен нос и лузна на лицето.

4. William Shakespeare

Сите слушнале за него, легендарен англиски драматург и поет чии дела се познати низ образованиот свет. Но, колку знаеме денес за самиот Shakespeare? Очигледно, многу малку. Никој сè уште не ја знае неговата боја на коса, неговата сексуална ориентација, како точно го пишувал своето име, дали ја сакал сопругата…

Постојат неколку историски слики со ликот на Shakespeare, но никогаш не е потврдено дека Shakespeare е на нив. Останата е само посмртната маска пронајдена во Германија и 3Д модел на неговото лице направен според маската на која се гледа тажен човек кој боледува од тумор. Сè уште има контроверзии околу оваа маска, па реконструкцијата на лицето можеби не е точна.

3. Tutankhamon

Младиот фараон Tutankhamon, кој владеел од 1334 до 1325 п.н.е.; починал на само 19 години. Кога научниците ја скенирале неговата мумија, откриле дека има скршена нога, поради што се верува дека најверојатно починал како последица на пад од коњ или кочија.

Тој станал владетел на Египет како момче и владеел околу 9 години. Неговите останки сѐ уште се во неговиот гроб во Долината на кралевите во Luxor (во златен ковчег тежок 110 килограми), а неговата легендарна златна маска, тешка 10 килограми, е изложена во Египетскиот музеј во Каиро. Гробницата на Tutankhamon била откриена на 4 ноември 1922 година, во неа биле пронајдени околу 3.500 вредни предмети, а откритието станало светски познато по приказните за „Проклетството на Tutankhamon“, и по низата необични настани кои следеле со влегувањето во гробницата.

2. Henrik IV

Мумифицираната глава на францускиот крал Henrik (Anri/Henri) IV била изгубена по Француската револуција, а пред само неколку години повторно била пронајдена – на поткровје на даночен обврзник. Во негово време, Henri бил омилен крал на сите освен на католичките фундаменталисти кои го убиле во 1610 година. „Ако ми дозволи Господ, ќе се погрижам секој работник да има пилешко за ручек во недела“, биле познатите зборови на овој крал.

Набргу по откривањето на мумифицираната глава, Philippe Froesch, експерт за лица од Универзитетот во Барселона, направил реконструкција на лицето на Henri користејќи 3Д слика на черепот и повеќе од 700 црно-бели фотографии. Во реконструкцијата дури бил вклучен и фактот дека овој крал немал речиси ниту еден заб.

1. Кралицата Nefertiti

Од тешко оштетена мумија, тим форензичари од Британија успеале да ја реконструираат египетската кралица Nefertiti – без воопшто да знаат чија е мумијата. По реконструкцијата конечно можеме да се увериме дека историјата не лажела и дека Nefertiti била навистина убава жена.

Кралицата Nefertiti, за која често можеме да слушнеме дека е една од најубавите жени на античките времиња, владеела заедно со нејзиниот сопруг Ehnaton од 1353 до 1336 година п.н.е. Откако Ehnaton се обидел да го воведе обожавањето на само еден бог во Египет, Aton, овој пар едноставно се изгубил во историјата…