Секс-биоритам | Во кое време сака тој, а во кое време сака таа

2571

Меѓу 14 и 16 часот

Таа: Женскиот репродуктивен систем во овој момент е целосно подготвен за зачнувањето. Жената не е баш расположена за долго и споро водење на љубов. Повеќе е подготвена за секс на брзина, со трошка садо- мазохистичко задоволство.

Тој: Семето, кое го произведуваат машките репродуктивни органи околу 16 часот е најквалитетно. Значи, ова е најдоброто време за секс, ако сакате да формирате семејство.

Меѓу 16 и 18 часот

Таа: Повеќето жени не се во можност активно да водат љубов во текот на тие часови, но можеби не би им пречел секс на брзина во мрзливото попладне. Значи, не го одбивајте својот маж ако покажува желба за нежност.

Тој: Мажот е подготвен за акција, но во ова време, исто така, не е подготвен за вклучување во лесен секс. Еден секс на брзина, кој ќе го намали стресот и негативната енергија, добро би му дошол.

Меѓу 18 и 20 часот

Таа: Времето за вечера е време кога жената треба да го надомести недостатокот на енергијата. Сензорните нервни завршетоци во ушите во тоа време се најчувствителни, па ќе уживаат во шепотењето на увото.

Тој: Мажот е во оваа фаза концентриран на убава вечера и на тоа малку да се одмори по неа, така што сексот и не му е на првото место.

Меѓу 20 и 22 часот

Таа: Сега е најдоброто време да се оди во кревет и најдобро е време за нежност. Жената е полна со енергија, особено ако изела убава вечера. Таа е подготвена да дејствува по сопствена иницијатива. Препорака на научниците: целосно препуштете ѝ се.

Тој: Мажот е во ова време подготвен да оди чекор понатаму и да ѝ ја исполни секоја желба на партнерката. И машкиот и женскиот сексуален часовник отчукува подеднакво во оваа фаза.

Продолжува на страна 4