Совети за оние девојки кои не се заљубени

114

Сама си? Дали твоите заљубени пријатели те заморуваат со своите премногу глупави совети? Ако така ти треба кога не си заљубена!

Доколку од коментариве препозаеш некој од оние кои постојано ти ги упатуваат твоите “среќно” вљубени пријатели, ич не бери гајле!

Премногу си пребирлива

(Е не, ќе се шетам со некоја “шупелка”, како оној твојон!)

Па ти само бараш нормален дечко кој те привлекува. Каде е тука селективноста?

Ќе запознаеш некого кога најмалку очекуваш

(Да, единствено ако ми утрча во нужник додека ги обавувам своите секојдневни… ескперименти. Тоа навистина би било неочекувано!)

А кога ќе биде тоа? На луда журка по повод мојот 97 роденден?

Имаше скоро некој “судар”?

(Аха. Еве само што се враќам од посета на принцот Алберт од Монако… Запна да се разведе па да ме ожени, е тоа ти е!)

Престани да бараш!

(Најдобро да кренам раце од животот.)

А како да запознаам некого кога само седам пред ТВ?

Има уште риби во морето!

(Но јас сакам маж, а не сирена!)

Ова е најлошата реченица која можете да ја кажете на некого чие срце е скршено или е оставен/а или пак сѐ уште е вљубен/а во поранешниот.

Имам пријател како е за тебе!

(Да си го носиш дома!)

Леле одлично – значи има уште несреќници кои се сами? А нема врска што тој е невидено сељачиште? Добар ми е и тој, а?

Треба да се фрлиш по некого за да го преболиш тој, твојот!

(Ма фрли се ти под воз!)

Нормално, менувањето на партнери во лет секако дека ќе го освежи мојот живот. Одлично!

Блазе тебе – ти си “сингл”!

(Па кога би била на твое место и јас би ти завидувала!)

А што е добро во тоа што сум осамена и желна за редовен секс? Ах, да….сета таа слобода…

Наташа Антиќ