Знаеше од џепарлакот да заштеди пари и да ми купи роденденски подарок … главно тоа беа пенкала и тефтери (за да бидам успешен на работа), привезоци за клучеви и слично. Денеска сите ги чувам во една кутија што ја нарекувам “за паметење”.
Во 12-тата година, почнаа прашањата за момчиња. Се сеќавам еднаш кога се враќавме од училиште, ме праша: “Тато, дали ќе ми се налутуш ако ти речам дека ми се допаѓа едно момче?” Ахахахаха и денес се смеам кога ќе ми текне колку беше внимателна кога ми го постави ова прашање. Одговорив “дека ќе ме изненадеше ако каже дека и се допаѓа некоја друга, а тоа што и се допаѓа момче, е сосема во ред”.
И така, се и сешто поминувавме заедно. Таа се запиша во “познатата” Карловачка гимназија, па затоа од таа причина се преселивме во Нови Сад. Денес таа е 23-годишна девојка, независна, храбра и одлучна. Студира јазици, се подготвува да ја напушти Србија, што најтешко ми паѓа во целиот наш однос, но … што може тука да се направи. Ах, да … со мајката се нема видено речиси 16 години, бидејќи мама кратко време по разводот со нејзиното ново момче ја напушти Србија. Неодамна се вратила … сама. Колку што знам, воспоставоле контакт и се сретнале. Не знам како тоа се развива, но и не се грижам премногу. И двете се возрасни. Јас не се оженив. Искрено, на почетокот бев многу лут на женскиот род, а подоцна не ни имав доволно време адекватно да се посветам некому. Бомбардирањето, 5 октомври, разноразните кризи од 2000 година па наваму. Морав да работам повеќе и повеќе за да го одражим нивото на квалитетот во нашите животи. Сепак, не ми е жал … Важно е дека успеав ќерката да ја изведам на пат од дете до возрасна личност.

Ете, тоа е кратката верзија на мојот живот со мојата ќерка. Се надевам дека никого не налутив со мојата приказна. Јас би сакал да додадам дека знам уште неколку мажи кои исто така сами ги одгледуваат своите деца. Некои од нив имаат повеќе од едно дете. Да не поверувате …
На сите ваши читатели им посакувам пријатни моменти со ова “лесно читање”.
Горан М. Јовановиќ, Нови Сад


















