Среќа, тага, завист, задоволство, љубов, страв, љубомора, надеж … Тоа се нашите чувства кои барем еднаш сме ги искусиле, а можеме да ги забележиме и кај другите.
Но, дали некогаш сте се запрашале што се случува во нашето тело кога се создава одредено чувство? Кои органи се активни кога се создава една, а кои се активни при создавање друга емоција?
Токму на овие прашања одговориле резултатите од најновите истражувања на финските научници. Laura Nummenmaa, Riitta Hari, Jari K. Hietanen и Enrico Glerean го објавиле својот труд под наслов “Карта на субјективни чувства”, и дошле до некои интересни заклучоци.
Истражувањето беше спроведено на 1026 испитаници кои пополниле прашалник поделен на три дела. Во првиот дел, на секое од стоте наведени чувства морале да ја одредат силата, во смисла на промените во телото кои тие ги доживеале. Вториот дел подразбирал субјективна идентификација на слични чувства, додека третиот, во исто време, најважен, се фокусирал на нивниот обид да лоцираат одредено чувство во нашето тело.
По собирањето на сите пополнети прашалници, научниците ги истражиле нервните сличности меѓу чувствата што ги групирале испитаниците, и ги истакнале како слични. Ова резултирало со поделба на пет групи чувства присатни кај луѓето. Негативните чувства како состојба на депресија го обземаат целото наше тело.
Продолжува на страна 2