Раскажете ми ја вашата животна приказна, а јас ќе ви кажам што таа кажува за вас

303

Човечкиот мозок секое искуство го категоризира и го става во својот сопствен “роман”, но за сите е заедничко тоа што приказната станува поедноставна како што старееме и учиме да го цениме позитивното.

Филозофите велат дека приказните ги раскажуваме за да му дадеме на животот смисол, а психолозите додадаваат дека иако приказните не се основна потреба, нашиот мозок природно ги создава за да му ја даде структурата и смислата на животот. Приказните така не само што го креираат животот, туку исто така обезбедуваат увид во личноста на нараторот, пишува Huffington Post.

Ниту еден животен пат не е ист, па така и животните приказни се различни, а откривањето на слоевите на приказните помага да се разбере како се градела индивидуалноста на личноста, односно од која причина стануваме такви какви што сме, вели Dan McAdams, професор по психологија на Американскиот универзитет Northwestern, кој 30 години се занимава со проучувањето на животните приказни на луѓето. Тој објаснува дека постојат шест принципи на наративна психологија кои нѝ помагаат подобро да ги разбереме деловите од животната приказна.

Приказната која постојано се развива и станува попозитивна како што старееме

Децата на возраст од пет години се способни да смислуваат приказни, но дури во адолесценцијата во приказната влегуваат релевантни елементи и прашања како што се “кој сум јас”, “каде да одам” и “што сакам”. Тие играат важна улога во мотивирањето на развојот на поединецот. Во 20-тите и 30-тите години од животот приказната станува покомплицирана, со повеќе ликови, теми и конфликти. Сепак, ова низа се прекинува во 40-тите години, во време кога животната приказна повторно се поедноставува. Така, средната возраст станува симбол на помирувањето со себеси, но, и поголема среќа и задоволство. Како општ тренд, животните приказни стануваат попозитивни со текот на времето, лошите работи полесно се забораваат, а фокусот се става на доброто.

Продолжува на страна 2