– Оправдувањето се случува откако нешто во приказната ќе тргне наопаку, без разлика дали тоа е неуспех или загуба. Тогаш се јавува и мотивот за лекциите што ги научиле и промената на обрасците на нивното однесување за да истата ситуација не се случи повторно.
Верувањето дека одредена количина на страдања е потребна за разбирање и учење од грешките, движечка сила е на промените, води кон позитивно размислување и тајната на успешните луѓе, смета McAdams. Затоа во животните приказни на среќните и успешните луѓе темата на оправдување се јавува почесто отколку кај оние незадоволните.
Приказната ја диктираат културните и општествените норми
Нашите животни приказни не се јавуваат во вакуум, туку се одредени со чувството на припадност кон одредено друштво и неговите верувања. Често пати во животот постапуваме во согласност со нашите сопствени очекувања, а ретки се луѓето кои се чувствуваат добро спротивставувајќи им се на баш сите норми на општеството, објаснува McAdams. Чувството на припадност е една од основите на човековото општество, а изолацијатаод него создава осамени приказни.
Секој може да ја преземе контролата над својата приказна
Иако животните приказни се одредени со особеноста и општеството, поединецот сепак има голем степен на контрола во која насока сторијата ќе оди. Без оглед на тоа дали станува збор за секојдневните настани или спроведувањето на животните одлуки, секој ден е нова страница на приказната.
Така, позитивните активности и размислувањата секогаш ја поправаат и најтажната приказна, а негативните ја расипуваат онаа која се чини совршена, вели McAdams.


















