
Руските фармацевтски компании и аптеките веќе почнаа да заработуваат од вестите за коронавирусот. Од средината на јануари во руските синџири аптеки „Доктор Столетов“, „Озерки“ и „36,6“ пораснала продажбата на антивирусните препарати. Забележана е зголемување на продажбата за 50 до 80%, наведува „Комерсант“. Како заработуваат аптеките на паниката на руските граѓани а кому уште му оди во прилог веста за епидемија?
Витамини за „лекување“ коронавирус
На 26 и 27 јануари руската фармацевтска компанија „Отисифарм“ на радиостаницата „Радио 7 на седум брегови“ и „Авторадио“ го рекламираше антивирусниот препарат „Арбидол“ како средство против коронавирусот, објави РБК. Обично ова средство се користи против грип и респираторни вирусни инфекции.
„Во светот е зголемен бројот на заразени со коронавирусот, кој предизвикува опасно воспаление на белите дробови. Вирусот се пренесува од човек на човек. Ризикот од зараза е висок. Истражувањата докажуваат: Арбидол е активен дури и против коронавирусот. Арбидол има антивирусно дејство со широк спектар за заштита кај децата и кај возрасните. Постојат контраиндикации, посоветувајте се со стручњак“, се наведува во рекламата.
Федералната антимонополска служба веќе прими жалба на рекламата и вети дека ќе се обрати до компанијата во врска со тоа, објави агенцијата РИА Новости.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 3


















