
Онлајн-изданието „Отворени медиуми“ откри дека кога на Гугл ќе отчукате прашање на руски „како се лекува коронавирусот“, добивате реклама на „Ингавирин“, друг препарат кој исто така се користи за респираторни вирусни инфекции.
Освен тоа, корисниците на социјалните мрежи во московските аптеки забележаа реклама за Омега-3 витамин. Исто така во аптека се рекламира и „Ремантадин“ кој се користи за лекување и за превенција на грип.
Маски во мода
Во Русија исто така значително е зголемена продажбата на заштитни маски. Во синџирот аптеки „Ригла“ од 21 јануари продажбата на маски е осум пати поголема, објави порталот „Комерсант“, повикувајќи се на изјава на генералниот директор на синџирот аптеки Александар Филипов. Во текот на последниов викенд, 25 и 26 јануари, зголемена е побарувачката за маски и во синџирот аптеки „36,6“. Продадени се 13 пати повеќе маски во споредба со претходниот викенд на 18 и 19 јануари, соопшти генералниот директор за малопродажба Александар Кузин.
Маските станаа популарни и во онлајн-продавниците.
„Продажбата на медицински маски е зголемена од 20 јануари и за една недела порасна за 6 пати. Додека обично во сезоната есен-зима онлајн-корисниците од големите градови купуваат неколку стотици маски, сега се продаваат неколку илјади“, соопштуваат за Russia Beyond од прес-службата на популарната руска Интернет-продавница Озон. Во компанијата додаваат дека исто така за 30% пораснала и продажбата на антиспетици за раце.
Од прес-службата на популарната платформа за избор на стока и споредување цени „Јандекс.Маркет“ соопштуваат дека од 22 до 28 јануари побарувачката за медицински маски е зголемена за 13 пати.
На продажната платформа „Беру“ која исто така му припаѓа на „Јандекс“, продажбата на медицински маски и филтри за нос е речиси четирикратно зголемена. Исто така се бележи зголемување на побарувачката на средства за дезинфекција. Тие на „Беру“ се купуваат речиси двапати почесто.
Во Интернет-продавницата Wildberries од 20 до 27 јануари продажбата на маски е зголемена за петпати во споредба со последната недела од декември 2019 година“, пишува Комерсант.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 4


















