Поздрав од Русија | “Арбидол” против МОРНИЧАВИОТ коронавирус

14289

Жител на Новосибирск во метро

Лажна зараза

Во Магнитогорск (1.693 километри од Москва) во врска со вестите за коронавирусот група блогери решија да ги насамари локалните жители. Во една улица од градот пред минувачите еден маж се закашла и падна „како мртов“. Една минута подоцна го однесоа непознати лица во одела за хемиска заштита. Жителите на градот се успаничија и претпоставија дека на човекот му станало лошо поради коронавирусот.

Фотографиите од оваа несолена шега преку руската социјална мрежа Вконтакте се проширија низ градот. Во коментарите корисниците заклучија дека станува збор за шега. Блогерите ги издадоа градежничките ракавици кои ги носеа како дел од оделата за хемиска заштита. Подоцна снимката беше објавена на Инстаграм кај локалниот блогер Дани.

На сајтот на телевизискиот канал „Москва 24“ беше свртено вниманието на уште една акција: во московското метро човек во одело за хемиска заштита закачи плакат на кој пишуваше „Коронавирусу, иди у…“, со повик до луѓето да се потпишат на канал на Телеграм.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Russia Beyond