Поради него, Јапонците се здрави и живеат најдолго | 10 златни совети на др. Shigeaki Hinohara

3006

7. Секогаш користете ги скалите и носете го својот багаж и кесите

За да останете здрави и витални, заборавете на лифтовите. Секогаш и секаде одете нагоре по скалите и обидете се да го носите вашиот багаж. Се разбира, Hinohara ги користел скалите и секогаш по една прескокнувал. Скалите и пешачењето се секојдневна вежба за вашето срце и тело.
.
8. Инспирирајте се секој ден, пронајдете инспирација

Читајте, пронајдете во литературата писатели кои ве инспирираат. Така правел и Hinohara. За него најинспиративна била поемата од Роберт Браунинг “Abt Vogler.” Не мора да се задржите само на литературата. Слушајте музика, уживајте во ликовната уметност, постете ја природата.

9. Болката е мистериозна

Најефективен начин да ја надминете болката е преку забавата. Кога детето ќе се удри ќе плаче сѐ додека вниманието не му го привлече нешто друго. Тогаш ќе заборави на болката. Така треба да работат и возрасните. Болката да ја заборават преку забава. Сметал дека во болниците би требало да се донесат терапевтски кучиња и останати животни, но и музика која ќе им помогне на пацијентите да се справат со болката.

10. Отстранете ги материјалните ствари

“Не трошете го животот со акумулација на материјалното и така, кога ќе умрете, нема да го земете со себе,”.

Ова беа десетте златни совети на познатиот докторот Shigeaki Hinohara.