Нож во грб за секоја врска | Психолозите посочуваат 10 работи кои се бетер од прељубата

2175

Останување со некој со кој не сте среќни

Без разлика дали изговорот е деца или нешто друго, престојот во заедница каде што не сте задоволни само создава дополнителни проблеми.

„Ова е многу трауматична ситуација. Колку подолго ќе останете, толку повеќе траума ќе имате и ќе вложите повеќе напор за да ги решите проблемите“, вели Самира Саливан, експерт за човечки односи.

Земање и никогаш давање

Голем дел од секоја врска е земање и давање. Но, кога ќе откриете дека вашиот партнер постојано зема, зема, а никогаш не дава, тоа може да има големо влијание врз вашата психа.

Лажење

Дури и ако го сторите тоа со најдобри намери, да го заштитите вашиот партнер, лажењето не е добра работа. Малите лаги со текот на времето прераснуваат во големи. Треба да бидете искрени со партнерот и да не ги криете работите од него. Затоа што кога ќе кажете дека лажете за негово добро, веројатно воопшто не сте ни требале да ги правите тие работи.

Тивко незадоволство

Додека тивкото незадоволство не се изрази отворено, доцна е и штетата е направена. Започнува со мали нешта и во тишина, но расте брзо и има разорно влијание врз врската.

Продолжува на страна 3