Постојана тврдоглавост
Ако сте постојано тврдоглави, тоа е само уште еден начин да кажете дека одбивате компромис. И нема добра врска без компромис. Ако вашата врска се заснова на фактот дека е можно само ако сè е по ваша волја, вие всушност сте во врска со себе, а не со некој друг.
Недостаток на почит
Обраќањето „од горе“ и без почит е уште еден начин вашиот партнер да покаже дека е поголем или помоќен од вас, а нерамнотежата на силите е последното нешто што го сакате во здрава врска. Овој вид комуникација е полош од прељубата, бидејќи ја уништува вашата самодоверба, па дури и ако ја напуштите врската, штетата не се намалува.
Љубомора
Дури и без вистинско мамење, постојаното сомневање дека нешто се случува може да биде многу полошо од „вистинската“ прељуба.
Останување во врска поради „меѓузависност“
Дали останувате заедно затоа што зависите еден од друг, и никој од вас не сака да биде „сингл“? Со други зборови, нема повеќе хемија меѓу вас и единствената причина што сте заедно е затоа што се плашите да не бидете сами.
Извор: womansday.com



















