Ако сакате паметно дете, родете на 30 години

1170

Жените кои сакаат да имаат паметни деца, е најдобро да родат на 30-годишнината, пренесе “Метро”. Во тоа уверија специјалисти, кои направиле истражување објавено во “Биодемографија и социјална биологија”.

Резултатите од истражувањето ги обработуваат податоците за развојот на 18 000 британски деца родени по 2000-та година.

Научниците, предводени од д-р Алис Гојзис стигнале до заклучок дека кога жените раѓаат за прв пат во 30-те години, наследниците имале повисоки когнитивни резултати.

Така експертите дошле до заклучок дека возраста на мајката директно влијае на интелектуалниот и здрав развој на детето.

Жените кои пак раѓаат кон својата 40-та годишнина за прв пат, се со најголема веројатност да имаат прекумерна тежина.

Причината мајките на 30 години да имаат подобра генерација, според научниците се крие во фактот дека на оваа возраст жените се добро образовани и имаат високи примања.

Екипата го додава и фактот дека веќе имаат постојана и стабилна врска со својот партнер, како и дека веќе ја прифатиле идејата да водат здрав начин на живот.

Исто така се добро информирани, бараат порано женска консултација и дури планираат бременост.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.