
- Зборувајте со бездомник, откријте која е неговата животна приказна.
- Ако имате пријател кој неодамна ја прекинал врската, најдете начин како да го расположите. Напишете ги на лист хартија сите доблести кои ги поседува за да знае дека е добра личност.
- Насмевнете се на некој чие дете плаче (обично луѓето ги превртуваат очите кога ќе видат родител со расплакано дете, а тоа прави дополнително да се чувствуваат непријатно).
- Прашајте некоја постара личност која е нејзината животна приказна и што правела на ваша возраст. Заинтересирајте се за работите кои има да ви ги каже.
- Гледајте ги омилените филмови или слушајте ги омилените песни на вашите родители. Потоа кажете им што ви се допаѓа во тие филмови или песни.
- Кога сте во супермаркет дозволете ѝ на личноста со малку производи во рацете да помине пред вас.
- Кажете им здраво на соседите иако не ги познавате.
- Наминете до вашето училиште и кажете им на вашите професори или наставници што направиле за вас.
- Пишете ѝ на личноста која некогаш ви помогнала со нешто и прашајте дали има потреба од тоа услугата да ѝ биде возвратена.
- Кога ќе се сретнете со пријател кој одамна го немате видено, купете му подарок за да знае колку многу ви значи.
Продолжува на страна 3


















