Сексуалниот врв во врската помеѓу двајца партнери настапува во втората половина од првата година, пишува “Дејли стар”, повикувајќи се на резултатите од британско истражување објавено во списанието “Archives of Sexual Behaviour”.
Истражувањето опфатило околу 3.000 парови на возраст меѓу 25 и 40 години. Учесниците во него требало еднаш годишно во текот на три години да одговараат на прашања поврзани со сексуалниот живот.
Врз основа на добиените одговори истражувачите утврдиле дека во сексуален аспект врв кај паровите настапува во втората половина на првата година, по што е можно да се забележи пад. Причината е дека партнерите веќе ги запознале добро сексуални желби и практики и можат да изгубат интерес.
Ако паровите се наоѓаат во “сексуален застој”, експертите даваат неколку совети за “освежување” на сексуалниот живот.
Самозадоволување
Често оваа практика се смета неодобрување, но всушност таа е корисна за здравјето и е првиот чекор кон подобрување на сексуалниот живот. Самозадоволувањето помага на поединецот до го запознае подобро сопственото тело и соодветно да го сподели со партнерот тоа што најмногу му се допаѓа, ја зголемува самодовербата и стимулира “креветна активност” нво практикса.
Појаснување
Никој не може да очекува неговиот партнер да знае што точно се бара од него. Искрен разговор помага на паровите да разјаснат што сакаат или не во кревет. Според експертите луѓето не треба да се срамат да велат “во чист текст” на партнерите да бидат побавни, побрзи или дури и груби за време на сексуален однос.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2