Постојат мали нешта со кои можете да го разубавите денот, како за вас, така и за вашите пријатели и најблиски. Еве како можете тоа да го постигнете.
- Направете кафе или шолја чај за вашиот колега.
- Купете или направете подарок за вашата мајка на денот на вашиот роденден. Тоа е посебен ден и за неа.
- Кажете ѝ на касиерката во продавница дека има прекрасни обетки, дека навистина ѝ стојат.
- Објавете слика на Фејсбук од деновите додека бевте во основно или средно училиште и тагнете ги старите пријатели со кои одамна не сте комуницирале.
- Погледнете во вашиот гардеробер и одберете работи кои не ги носите – дајте ги на оние кои знаете дека им требаат.
- Помогнете ѝ на постара личност да премине на пешачки премин или да искачи скали.
- Ставете лајк на нечие селфи – дури и да не ви се допаѓа.
- Дајте му до знаење на келнерот од ресторанот во кој секојдневно јадете, дека знаете колку е напорна неговата работа.
- Оставете бакшиш заедно со порака за благодарност во следното кафуле или ресторан во кој ќе седнете.
- Купете храна од најблиската пекара и дајте ја на бездомник.
Продолжува на страна 2



















