дома ЖИВОТ Мали нешта со кои ќе го разубавите денот

- Ако видите човек чиј автомобил се расипал, излезете од вашиот и прашајте дали има потреба од помош.
- Држете ја вратата отворена за некој кој е позади вас.
- Ако видите отпадок на земја, земете го и фрлете го во најблиската канта за отпадоци.
- Ако видите дека некој се однесува неправедно со некого, застанете на страната на жртвата. Дури и да е тоа некоја личност која воопшто не ја познавате.
- Дајте мал подарок на поштарот или чистачката во вашата канцеларија или на шоферот во автобусот со кој секојдневно се возите или било кој за кого ќе забележите дека секојдневно си ја извршува работата без приговор.
- Кога возите, дозволете им на пешаците да поминат преку патот, дури и тогаш кога не мора да застанете.
- Ако завршивте со читање на весник или списание, оставете го некаде на јавно место за да може некој друг да го прочита.
- Понудете некому ситни парички, ако упорно бара во чантата за да ја плати сметката во супермаркетот.
- Помогнете им на туристите да направат заедничка фотографија.
- Оставете ги работите кои сакате да ги фрлите, но знаете дека можат да му користат на некого, покрај кантата за отпадоци.
//