Коронавирусот е активен и во солзите на заразените

186

Вирусот „Сарс-Ков-2“, кој е одговорен за пандемијата на„Ковид-19“, исто така е активен во солзите на заразените пациенти, се вели во студијата на Националниот институт за заразни болести во Рим.

Започнувајќи со брис земен од окото на заразен пациент кој имал билатерален конјунктивитис, истражувачите успеале да го изолираат вирусот, покажувајќи дека тој може да се репродуцира, не само во респираторните органи, туку и во окото, предизвикувајќи конјунктивитис.

Овој наод, објавен во списанието „Annals of Internal Medicine“, има важни импликации за општата здравствена состојба, а резултатот, добиен од италијански лекари, бил проследен до Светската здравствена организација.

Ова откритие има важна импликација за општото здравје, па резултатот до кој што дошле италијанските доктори проследен е и во СЗО.

„Ова истражување покажува дека очите не се само една од влезните врати за вирусот во телото, туку и потенцијален извор на заразата“ – коментирале од лабораторијата во Рим.

Откритието потврдило дека неопходно е да се обезбеди и заштитна опрема и средства за офтамолозите, за кои што досега се сметаше дека се релативно сигурни од ризикот на заразата со коронавирус.

Истражувањето исто така потврдило дека брисовите од окото можат да бидат позитивни на инфекцијата во случај доколку на примероците од респираторниот систем нема повеќе видливи траги од вирусот.

Експертите велат дека ќе биде потребно да се направат понатамошни испитувања за да се провери колку долго вирусот е активен во солзите на човекот и неговата потенцијална зараза.

„Ова е само уште еден дел од мозаикот кој што се обидуваме да го составиме и да ја откриеме комплицираната тајна на овој вирус“ – изјавила генералната директорка на Истражувачкиот центар, Марта Бранка.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.