Како да отстраните дамки од килимот

588

Со дамките на килимот и тапацираниот мебел не можеме секогаш лесно да се справиме, некогаш е тоа вистински предизвик.

Првиот совет е дамката да не се допира панично со крпа бидејќи само ќе се рашири на поголема површина. Најдобро е прво да се впие течноста со чист сунѓер.

Еве неколку средства коишто може да ја исчистат дамката 

Пена за бричење

Овој метод е погоден за чистење на сите видови дамки.
Намачкајте ја површината на дамката и нека отстои 30 минути.
Потоа тапкајте ја дамката со влажен сунѓер.

Коцка мраз

Ова е најлесниот начин да се отстрани за мастика од килим.
Над мастиката оставете коцка мраз и нека се топи. Од ладното мастиката доволно ќе биде стврдната за да ја отстраните без никако проблем.

Бела крпа

За да ги отстраните дамките од восок на килимот или тапацираниот мебел Ви треба бела крпа и загреана метална површина (врвот од пеглата). Само бидете внимателни да не е превисока температурата и да не го изгорите килимот или тапацираниот мебел.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.