Заради коронавирусот луѓето масoвно ќе заболуваат од други болести?

365

Во Италија, првата земја во Европа која е длабоко погодена од епидемијата на коронавирусот, е спроведена иницијална студија, за влијанието на пандемијата врз поединците, која покаажала дека 37 отсто од испитаниците имале пострауматски симптоми на стрес, 17 отсто пателе од депресивни симптоми, 20 отсто покажале сериозна анксиозност, 7 отсто несоница и 21 отсто стрес.

Истражувањето е објавено во магазинот Медриксив, а било спроведено од два универзитетити, од италијанските градови Аквила и Рим, така што истражувачите преку интернети испратиле прашалник на кој одговориле над 18.000 лица.

– Добиените резултати се она што очекувавме, забележуваме висока стапка на пореметувања, како анксиозност, депресија и несоница, рекол д-р Родолфо Роси, научен соработник од римскиот универзитет Тор Вергата и прв автор на студијата.

– Друг важен аспект на студијата се факторите на ризик. Веројатноста дека боледувате од вакви симптоми главно се однесува на жените, младите луѓе, луѓе кои изгубиле блиска личност од Ковид-19 или кои биле заразени. Исто така погодени се луѓе кои заради епидемиајта изгубиле или привремено ја запреле работата, додека оние кои премногу работат од дома се изложени на ризик од стрес или несоница.

Карантинот за лицата кои моментално имаат Ковид-19, е поврзано со симптомите на пострауматски стрес и анксиозност.

Резултатите се интересни, и покрај ограничувањата кои ги наметнала студијата базирана на онлајн прашалник.

Оние кои одговориле на прашањата не се репрезентативни за италијанската популација и може да се претпостави дека се спремни и дека ќе се навикнат да зборуваат за својата емоционална и психолошка состојба, што би можело да објасни зошто речиси 80 отсто од испитаниците се жени.

Истовремено истражување, кое е спроведено во Кина, а на кое одговориле 1.210 луѓе открило прилично високи стапки на анксиозност и депресија во времето на пандемијата на коронавирусот, а покрај тоа речиси 35% од 50.000 луѓе покажале симптоми на страдање поврзани со траума (ПТСД).

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.