ХРАБРА МАЈКА | Сара Беро – Најмногу се сеќавам на реченицата: “Родивте две девојчиња со посебни потреби”

3597

“Нивниот напредок е макотрпен. Три чекори назад па еден напред и сè така. Тоа колку постигнавме најмногу се гледа по тоа што самостојно јадат, одат во тоалет, си ги мијат забите, рацете … Во собата си ги собираат играчките. Попрлилично се самостојни, но никој на почеток не им даваше такви предвидувања,” вели Сара.

Ирма и Илда имаат многу пријатели. Мама Сара вели дека отсекогаш биле тука за нејзините девојчиња.

Ирма е во свој “фазон”, не сака многу некој да ја малтретира и вознемирува. Обожува да игра сама и да гледа телевизија. Илда сака сликање и мода … Сака да се облекува, соблекува, шминка, лакира нокти и да седи со Сара и со нејзините другарки како возрасни. Сè ја интересира.

“Многу сум среќна и горда. Ниту во градинка ниту во училиште, не почувствував дека тие биле отфрлени или загрозени на било кој начин. Инклузијата секаде би требало да постои. Децата се чувствуваат многу повредни со своите пријатели”, вели Сара, додавајќи дека тие не ги избегнале ниту непријатните коментари “еве ја оваа со болни деца” или “Боже, овие деца изгледаат како да се од друга планета.”

Продолжува на страна 5