
Потоа Ирма и Илда се судриле и со првата пречка. Таа година „Aptamil“, бебешката храна, била повлечена од продажба, а тие морале да преминат на друго адаптирано млеко, а со тоа добиле страшна дијареа, нагло губеле тежина, дехидрирале. Болницата на два месеци станала нивен дом.
Поминувале деновите, а тие напредувале. Денес, дест години по нивното раѓање, Ирма и Илда низ животот смело чекорат. А нивната мајка, е нивната најголема сила и поддршка.
“Нивните први денови беа многу убави. Божеее, дома како да имаш два анѓела. Некоја посебна енергија, мекост, мирис и љубов. Се сеќавам дека секогаш нешто зборував како да беа веќе возрасни девојки”.
“Нивните денови се многу активни. Од раѓањето голем напор е вложен во напредокот. Посетувале редовна градинка, сега одат на училиште … Нон-стоп со нив работи дефектолог логопед. Тие секогаш се во контакт со светот. Многу пешачиме и се дружиме и, буквално, се трудам со целото свое битие да им дадам колку што е можно повеќе. Секој ден одново давам максимум времето да им биде колку што е можно поорганизирано”, вели Сара.
Продолжува на страна 3


















