
Зборувајќи за своите девојчиња со насмевка раскажуа дека Ирма е во “свој фазон”, не сака многу да пречи и да малтретира. Сака да игра сама и да гледа телевизија. Илда сака сликарство, мода … Таа сака да се облекува, менува облека, шминка, лакира нокти и да седи со Сара и нејзините пријателки како возрасна. Сè ја интересира.
“Од нивното раѓање се направени огромни напори за постигнување напредок. Одеа во градинка, а сега одат на училиште … Нон-стоп со нив работи дефектолог логопед. Постојано се во контакт со светот. Многу шетаме и се дружиме, и, буквално, се обидувам со сето мое битие да дадам колку што можам.”
Продолжува на страна 4


















