Еве што треба да направите пред да земете куче

578

Да се земе куче или не – Прашањето е сега!!!

* Ако размислувате да земете кутре како дел од имиџ или да ја искажете финансиската моќ, откажете се веднаш бидејќи по краток временски период ќе дојдат големи проблеми, а тие проблеми сопствениците ги решаваат на многу лесен начин, ги пуштаат тие мили души на улица,на милост и немилост!

Ако не сте спремни на вашата гардероба да имате кал, влакна па и некоја лига одете купете си ролери, точак или пак шетајте со некој пријател кој има куче. Кучето во никој случај не треба да се третира како предмет, тоа е живо битие кое чувствува радост, среќа, тага, љубов итн.

* Да се купи куче или пак похумано да се вдоми куче е многу лесно, но после тоа стасуваат одредени проблеми, за да ги нема сопственикот тие проблеми треба да си постави неколку прашања за да сфати дали е подготвен да вдоми кутре кое ќе биде дел од неговото семејство помалку или повеќе од 10год. Тие прашања се следните:

– дали сите од семејството сакаат кутре?

– дали можете секој ден да издвоите време да го прошетате кутрето?

– дали можете да поднесете гризање на намештај, на најомилените работи и на се останато во домот?

– дали можете да се помирите со влакната кои ќе ги има буквално во секој дел во домот?

– дали можете да го соберете изметот на вашето кутре од улица и трпејќи го потсмевот на случајните минувачи?

– дали можете да поднесете ископани дупки низ дворот, а само што сте насадиле убава и скапа трева?

– дали можат вашите комшии да го поднесат лаењето на кучето и дали има шанси кутрето да биде отруено од нивна страна.

– дали можете да издвоите сретства за ветеринар доколку кучето се разболе.

– дали можете да издвоите сретства за храна?

– дали можете да издвоите сретства за годишна вакцина?

– дали можете да го избегнете летниот одмор и ако не што ќе правите со кучето?

– дали можете два пати годишно по две недели доколку кучката не е стерилизирана да се справите со менструалниот цуклус(капки крв на секаде, други машки кутриња пред врата кои никако не можете да ги избркате додека трае циклусот).

Ако сте спремни на сето ова, запамтете:

КУЧЕТО Е НЕШТО НАЈУБАВО ШТО ЌЕ ВИ СЕ СЛУЧИ ВО ЖИВОТОТ!!!!

Фејсбук статус на дресерот Ристе Гиовски

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.