Рузмарин (Rosmarinus officinalis) | Лековити својства и примена

793

Рузмарин (Rosmarinus officinalis) е ароматично растение кое се сретнува на Медитеранот, во САД и Мексико.

За рузмаринот се знае уште одамна. Бил главна состојка на “унгарската вода“, лек за масажа, кој и’ се припишува на кралицата Елизабета Унгарска. Во стара Англија бил симбол на верност, па од таму потекнува обичајот да на свадба се носи гранче рузмарин.

Се користи цветот, листот, свеж или сушен, како зачин, лек и за производтсво на етерично масло за козметологија, фармација, ароматерапија

Како лек се користи за следниве болести:

  • Анемија
  • Болести на срце и крвни садови, циркулација
  • Настинка, грип, бронхитис, кашлица
  • Депресија, стрес, несоница
  • Главоболка, мигрена
  • Проблеми со варење и апетит, надуеност и болки во стомакот
  • Реума и артритис, вкочанети мускули, гихт
  • Проблеми со кожата и косата (опаѓање и првут)
  • Проблеми со црн дроб и жолчка
  • Болести на устата
  • Некои видови рак
  • Нервоза, концентрацијаа и помнење
  • Природедн диуретик-чисти бубрези од отрови

Јадења со рузмарин

Рузмаринот се меша со други зачини како лук, магдонос, лаванда, ловоров лист, босилок, оригано, тимијан, мајоран, триена сол, вегета, лимон, пипер кои се користат за подготовка на пица, варени јадења или јадења со домати; со напитоци – вино, чај, сок од портокал, мед, шеќерен сируп,сос (бешамел); или со храна – погачи и леб, риба, месо (пилешко, јагнешко, телешко, свинско), слатки работи – од јаболки или чоколадо

Чаеви од рузмарин

Чај за намалување на килограмите

Доколку сакате да намалите до 5 килограми месечно, треба дневно да пиете 3 пати по 1 чаша чај од рузмарин (наутро пред појадок, по ручекот и по вечерата). Можете да додадете и лимон, бидејќи вкусот на чајот е малку горчлив

Чај за артритис

Се дозира по 30 грама кора од врба, рузмарин и лист од маслинка и 10 грама коприва. Мешавината се посипува со 750 мл зовриена вода и се остава да отстои 30 минути. Се цеди и се пие во текот на денот

Чај за подобрување на помнењето

По 30 грама рузмарин, и глуварче, и по 20 грама жалфија и босилок. Може да се комбинра и со екстракт од гинко. Мешавината се посипува со пола литро зовриена вода и се остава да отстои 30 минути. Дневната препорачана доза е 250 мг.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.