Еве како темелно да го исчистите душекот е преполн со паразити и алергени

1445

Сите знаеме колку квалитетниот сон е важен за здравјето, а за добар сон не е важно само вашиот душек да биде добар, туку и да биде чист.

За жал, речиси сите го прескокнуваме чистењето на душекот и затоа душекот е преполн со микрочестички. Душеците содржат трошки храна, разни алергени, паразити, прашина и останати нешта кои не се видливи со голо око.

За да бидете сигурни дека спиете на чист душек без несакани гости, исчистете го темелно на едноставен начин.

Се што ви треба е шолја сода бикарбона и неколку капки масло од лаванда, а од помошен прибор една тегла и цедалка (со ситна мрежа) или сито. На крајот ќе ви биде потребна и правосмукалка.

Постапка: Во теглата сипете ја сода бикарбоната и маслото од лаванда, затворете ја теглата и лесно промешајте да се соедини. Добиената смеса ставете ја во сито или цедалка и преку неа рамномерно напрашете по целата површина на душекот.

Оставете да делува еден час, па вшмукајте го душекот.