Емоциите ви „пишуваат“ по телото | Погледнете како влијаат на очите, ушите, косата, срцето, грбот …

2089

Гради

– Градите се мајчински принцип. Ако имате проблеми со градите, тоа обично значи дека сте претерале со мајчинскиот, заштитнички однос спрема некое лице, место, работа или искуство.

Срце

– срцето претставува љубов, а крвта е радост. Срцето пумпа радост низ целото тело. Кога во животот себеси ќе си ги ускратите радоста и љубовта, вашето срце ќе се собере и станува „ладно“. Резултатот е побавен проток на крв и отворен е патот за анемија, ангина пекторис или миокарден инфаркт. Луѓето кои преживеале срцев удар никогаш не му се радувале на животот.

Нозе

– Нозте ве носат низ животот. Проблемите со нозете често укажуваат на тоа дека постои страв од движење, да се оди напред или неподготвеност да се тргне во одреден правец. Кога нешто не сакате да работите, ќе почувствувате проблеми со нозете.

Колена

– Колената се флексибилност. Како и грбот. Изразуваат и способност на адаптација, гордост, его, тврдоглавост. Кога ќе ве заболат колената запрашајте се каде сте тоа толку тврди, нефлексибилни, одбивате да се прилагодите.

Стапала

– Стапалата се поврзуваат за разбирање на себеси и животот околу себе, минатото, сегашноста и иднината.

Кожа

– Кожата ја претставува вашата индивидуалност. Кога имате проблеми со кожата, чувствувате дека сте на некој начин загрозени, дека другите со вас владеат.

Премногу килограми

– Премногу килограмипретставуваат потреба за заштита. Дебелите луѓе бараат заштита за да не бидат повредени, омаловажени, критикувани, измамени. Тие имаат страв од животот.

Болка

– Болка од било каков вид зборува за чувството на вина. Вината секогаш бара казнување, а казнувањето е болно. Хроничната болка е хронично чувство на вина толку длабоко вкоренето што човекот за него не е ниту свесен.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување