Слух
– Проблемите зборуваат дека постои нешто што не сакате да слушнете. Болката во увото вели дека има гнев во Вас заради нешто што сте го слушнале. (Дали сте забележале дека партнер на лицето кое зборува премногу има проблеми со слухот).
Коса
– Косата е моќ. Кога сте напнати и уплашени, создавате „челични“ ланци кои почнуваат во мускулите во рамената и се шират кон врвот на главата, а понекогаш и на пределот околу очите. Косата расте на тој врв и ако постои напнатост, која трае подолго време, скалпот се собира, косата не може да дише и затоа умира и паѓа. Настанува ќелавост.
Глава
– Кога нешто не е во ред со вашата глава, тоа значи дека чувствувате дека и со Вас нешто не е во ред. Главата ја покажувате на светот и по неа ве препознаваат.
Вратот и грлото
– Втатот е вашата способност да бидете флексибилни во размислувањето, да можете да ја согледате другата страна и да ги видите ставовите на другите луѓе. Кога имате проблеми со вратот, тоа значи дека сте биле тврдоглави во проценувањето на својата состојба, убедени дека вашата позиција единствено е исправна.
Грлото претставува способност да го кажете она што го мислите, да го побарате она што го сакате. Кога имате болки во грлото, тоа обично значи дека мислите дека немате право на таков став. Не се грижите за себе и ја потиснавте лутината. Ларнгитис значи дека сте толку лути што дури и не можете да зборувате.
Грлото е и креативниот тек низ телото. Ако вашата креативност е задушена, може да имате проблеми со грлото. Исто така, ако се обидувате да се промените или сте среде промени, ќе забележите промени во грлото.
Раце
– Рацете претставуваат способност да ги опфатите сите животни искуства. Горниот дел е поврзан со способностите, а долниот со вештините. Старите емоции ги задржувате во зглобовите, а лактите претставуваат флексибилност во менување на насока во животот.
Секој прст има свое значење. Ако го пресечете показалецот, стравот и лутината се поврзани со егото во сегашната ситуација. Палецот претставува загриженост, средниот прст секс и лутина, до малиот прст заедништвото и тагата, а малиот прст има врска со семејството и со претварање.
Грб
– Ако имате проблеми со грбот, тоа може да значи дека сметате дека околината не ве подржува доволно. Горниот дел од грбот има врска со чувството на недостаток на емоционална поддршка (сопруг, сопруга, шефовите не ве разбираат).
Средниот дел е поврзан со чувството на вина – кога ве боли, се плашите да погледнете што е зад вас. Страв дека нема да имате пари, дека ќе живеете во сиромаштија се изразени преку болка во долниот дел од грбот.
Бели дробови
– Белите дробови претставуваат способност на давање и земање во животот. Ако имате проблеми со белите дробови, можно е да се плашите да го земете она што ви треба или можеби чувствувате дека немате право да живеете живот каков што сакате.
Продолжува на страна 3