ЕКСПЛОДИРА рејтингот на рускиот претседател по повлекувањето на Пригожин

754

Обидот за вооружен бунт на Евгениј Пригожин, шефот на Вагнер, го зголеми рејтингот на рускиот претседател Владимир Путин на 90 отсто, според Институтот за политички студии.

Владимир Путин во општеството се смета за бедем на стабилност поради настаните од 24 јуни.

“Поддршката на претседателот била 80 отсто, а по овие настани 90 отсто“, прецизира директорот на Институтот.

Според студијата, јавното мислење сега го оценува Пригожин не како политичар со одредена програма, туку како „коњаник на апокалипсата“ кој носи хаос и нестабилност.

– Луѓето во Пригожин не гледаат политичар со некаква програма, туку јавач на апокалипсата, предвесник на хаосот – изјави директорот на Институтот.

Тој додаде дека во моментов нема потреба од активна работа за формирање на јавното мислење.

Важно е да се забележи дека сè уште не се познати мотивите што го навеле Пригожин да се обиде да организира вооружен бунт.