Лекување во домашни услови | Алтернативна медицина

1401

Излегува дека баба ви всушност била во право. Пилешка супа навистина помага против настинка. Таа сепак не е единствениот домашен лек кој научниците откриле дека всушност работи.

Ви нудиме цели 9 трикови кои можат да ја олеснат болката, да ја направат настинката повеќе поднослива, да ја смират главоболката или да ви ја подобрат насмевка .

Гаргара со вода за инфекции во горниот респираторен тракт.

Чувството дека се разболувате? Направете гаргара со обична вода. Истражувањето направено врз околу 400 здрави доброволци, открива дека оние кои прават гаргара со обична вода, се помалку подложни на инфекции на горниот респираторен тракт (тие често се поврзуваат со настинки или грип) од оние кои не го прават тоа.

Ѓумбир против гадење

Ако ви се прилошува за време на патување, земете си бонбони со ѓумбир. Само 1 гр може да ги олесни симптомите на морска болест, утринското гадење или гадење предизвикано од хемотерапија.

Пилешка супа при настинка

Иако сеуште не е јасно како точно го прави тоа, научниците се категорични дека пилешка супа навистина помага при настинка. Таа ги забавува движењата на оние бели крвни зрнца, кои се во основата на акутните инфекции. Со други зборови – ги ублажува воспалителните процеси кои активираат повеќе симптоми на настинка.

Оцет и алкохол против т.н. ушна инфекција

И да немате испукано тапанче, секогаш можете да го користите овој едноставен рецепт на Mayo Clinic, за да го спречите развојот на ушните инфекции. Едноставно комбинирајте две еднакви делови бел оцет со алкохол и следете ги овие инструкции.

Продолжува на страна 2