Лекување во домашни услови | Алтернативна медицина

1534

Јаболка и моркови за побели заби

Тие не само што се корисни за вашето тело, но и ги белеат на забите. Додека јадете јаболка или моркови, нивните честички ја четкаат површината на забите и помагаат за отстранување на дамките. Јаболката и јагодите содржат и специјална киселина, јоја помага за белење на површината.

Мед за кашлица

Мразите смрдилив сируп против кашлица? Користете мед. Истражување од 2012 година покажува дека децата кои примаат 10 г мед пред спиење, имале помалку симптоми на кашлица и спиеле подобро од оние кои примаат плацебо.

Мраз против главоболка

Ставањето на мраз на челото или задниот дел на вратот и за околу 30 минути може да ви ја олесни мигрената и да ги намали болките во слепоочниците.

Водка против мирис на нозе

Потопете еден партал во вотка и намачкајте ги нозете, за да ги уништите бактериите и габите кои предизвикуваат непријатен мирис.

Селотејп против брадавици

Брадавиците се безопасни кафени израстоци на кожата, кои можат да бидат пренесени од човек на човек при допир. Истражување од 2002 година сепак открива дека ако ги прекриете со селотејп, можете да ги елиминирате многу полесно. Истражувањата по прашањето сеуште не се категорични. Ништо сепак не ви пречи да го пробате тоа. Исчистете ја погодената област, исечете селотејп, поголемо од брадавицата и ставете го над неа. Заменете ја на неколку дена, додека не се ослободите од брадавицата.