Блогерката, Кристин Орган подели со нејзините читатели шест едноставни но важни и чуствителни зборови кои сака да и ги каже на нејзината мајка.
Следува нејзиниот текст:
– Постојат многу блогови, кои зборуваат за тоа што значи да се биде мајка, многу есеи за тоа колку мајките ја сакаат својата улога и многу текстови за тоа колку тоа е тешко. А тука се и телевизиските реклами, списанијата и каталозите, кои ни зборуваат што мајките „навистина“ сакаат.
Јас има само шест зборови кои би сакала да и ги кажам. Шест едноставни зборови за кои мислам дека секој родител би сакал да ги слушне:
Благодарам и многу ми е жал
- За болно породување кое си го имала за да ме донесеш на свет.
Благодарам и многу ми е жал
- За сите непроспиени ноќи кога си ме држела и нишала, „трошејќи’ го својот грб, затоа што сум била, како што тоа љубопитно бебе.
Благодарам и многу ми е жал
- Што си ги трпела сите мои напади на бес и високи очекувања, затоа што сум била „тешко“ дете.
Благодарам и многу ми е жал
- Што голем број пати си морала да доаѓааш кај мене во училиште иако дома си имала уште две мали деца.
Продолжува на страна 2



















