Идентификувана генска заштита за Covid-19

486

Истражувачите од Универзитетот во Њукасл идентификуваа ген што може да објасни зошто некои луѓе, иако заразени со коронавирус, не заболуваат од COVID-19.

Генот со официјално име HLA-DRB1*04:01 е пронајден три пати почесто кај луѓе кои немале симптоми на ковид 19, што сугерира дека тој обезбедува еден вид на заштита од самата болест.

Во студија објавена во списанието HLA, научниците истражувале асимптоматски пациенти со оние кои развиле тешка форма на ковид 19. Тие користеле секвенционирање на гени на ниво на HLA гени лоцирани на хромозомот 6.

Тие користеле примероци од 49 пациенти со тешка форма на ковиди 19 кои биле хоспитализирани и 69 примероци од асимптоматски пациенти кои биле позитивен тест на антитела. Тие проучувале различни верзии на генот HLA за да воочат разлики.

Откриле дека леукоцитниот антигенски ген, HLA-DRB1*04:01, е почест кај оние кои не покажувале симптоми на болеста, иако биле заразени.

Тие исто така откриле дека генот е почест кај луѓето на север и западна Европа, што може да сугерира дека луѓето во тие области ќе имаат помала веројатност да развијат сериозна форма на COVID-19, но сепак ќе бидат подложни на неговото ширење.

„Ова е многу важно откритие бидејќи може да објасни зошто некои луѓе едноставно не се разболуваат иако се заразени со коронавирусот“, потенцира во соопштението за јавноста д-р Карлос Ешевари, коавтор на студијата.

Тој додаде дека ова може да доведе до развој на генетски тестови кои би можеле да укажат на тоа кој би требало да биде во приоритетна група за вакцинација во иднина.

Авторот на студијата Дејвид Ленгтон истакна дека откривањето на врската помеѓу географското потекло и фреквенцијата на генот HLA е фасцинантно.

„Ова ја нагласува сложената интеракција помеѓу животната средина, генетиката и болестите. Знаеме дека некои гени на HLA реагираат на витамин Д и дека ниското ниво на витамин Д е фактор на ризик за развој на тешки форми на COVID-19, така што во иднина ќе се фокусираме на тој дел“, изјави Лангтон.

Откритието може да им помогне на медицинските службеници подобро да ја испланираат борбата против COVID-19 во иднина и најранливите групи, објави порталот Зимо.

Откритието може да им помогне на медицинските службеници подобро да ја испланираат борбата против COVID-19 во иднина и најранливите групи.

Извор: Newcastle University