5. Недостаток на движење
Проблемот кој е тесно поврзан со прекумерното користење на новите технологии е недостатокот на движење. Неопходно е да се најде рамнотежа и да се воспостават правила. Секој родител мора да ги постави границите за кои смета дека се најдобри за неговото дете.
Ние сме често сведоци дека децата тоа не го почитуваат. За колку ли часови или минути пред екранот се работело, купените играчки или расфрланите нешта, родителите треба да запомнат дека е најважна доследноста. Доколку се воспостави договор, тогаш детето треба да го почитува, а родителот не смее да попушти, затоа што ако го стори тоа, тој влегува во маѓепсаниот круг.
Во магепсаниот круг може да се случи и контрадикторноста на родителите – ако примерот кој родителот му го покажува на детето не е во согласност со зборовите и правилата кои му ги наметнува. Ако родителот му го ограничува времето на детето поминато пред екранот, а тој секој слободен момент поминува пред него, која порака му испраќа на детето? И родителите се жртви на модерната технологија, исто како и нивните деца.
Запаѓаме во општата хипноза на модерната технологија која го менува начинот на функционирање на нашиот мозок – вниманието се фокусира на некои настани на екранот, а за други работи, како и да не постои или е многу тешко да се насочи и одржи, а импулсивноста како да станува масовна појава.
Ако не сакате да имате многу работа околу детето, оставете го неколку часови со уредите на најновата технологија и речиси нема ниту да го забележите. За жал, многу родители во моменти на замор, растревоженост и загриженост овозможуваат, па дури и го поддржуваат таквото однесување на децата. Сето тоа е донекаде и во ред, сѐ додека има ограничено време да го користи компјутерот или додека однесувањето не премине во навика.
На краток рок, употребата на современите технологии може да го олесни родителството. Но, колку повеќе дозволуваме модерната технологија да нѝ го олеснува родителството, толку е поголема веројатноста дека истите тие модерни технологии на крајот ќе нѝ донесат многу тешкотии – пред сѐ на нашите деца, а на тој начин и нам.
Досада – важен проблем за кој малку се зборува
Продолжува на страна 6



















