Досада – важен проблем за кој малку се зборува
Секое време има свои предизвици и ако знаеме како да се справиме со нив, предизвиците ќе се претвораат во водичи, а не во камења од кои ќе се спрепнуваме. Една стара поговорка вели дека грешките создаваат искуство, а искуството е почеток на мудроста. Се разбира, секогаш е подобро да се има еден вид едукација за родителство, мајката и таткото на време да дознаат што ги чека и како да се постават во одредени проблеми. На тој начин ќе знаат како да реагираат и да ги спречат последиците навремено, наместо да учат од своите грешки.
“Грешките во воспитувањето на децата се составен дел од родителството, но можат да бидат и корисни ако тие се воочат на време. Повеќето такви грешки родителите ги прават поради огромната потреба детето да го заштитат”
Важно е да се разбере дека опкружувањето многу се променило, бројот на настаните во еден ден се зголемил во споредба со периодот пред 20, 30, 40 години, а опкружувањето влијае врз развојот на мозокот, особено во првите 5 години. Така, родителството станува сѐ посериозно и потешко. Било и порано, но денес ќе биде потешко да се поправат пропустите на родителите.
Многу други работи можат да влијаат на развојот на детето, на пример недостаток на јод во исхраната. Исто така, штетни се и некои работи кои влегуваат во областа на психологијата, па и не би сакал да зборувам за тоа, како на пример: попустливо воспитување, кога на детето му е дозволено да прави она што тоа сака, кога му се даваат прекумерно подароци и кога родителите купуваат сѐ што детето ќе посака.
Но, постои еден важен проблем за кој малку се зборува, а тоа е здодевноста. Перцепцијата на времето кај возрасните и децата значително е различна. За разлика од возрасното лице, детето туку што се запознава со светот, па секое искуство за него е ново и полно со информации кои треба да се обработат. Во таа смисла, еден детски ден многу повеќе “вреди”.
Метаболизмот на мозокот е побрз кај детето отколку кај возрасните, и останува висок до започнување на пубертетот. Детето со неверојатно голема брзина учи, менталните модели на светот мора постојано да се прилагодуваат, па менталната енергија се влошува речиси исклучиво во сегашниот момент. Најважната задача на детето е да се запознае себе си и светот околу него. За таа важна задача, мораме да му дадеме доволно време и простор во кој преку активно истражување и внимание самостојно се насочува да стане подготвен за светот во кој живее.
Најважен совет за родителите
Поради сето наведено, мислам дека едукацијата на родителите е важна работа и мојот совет за идните родителите е да се информираат за ова одговорно “занимање” и замките кои ги чекаат, и подобро да го поминат најубавиот пат кој ги очекува, а тоа е родителството.
Мојот придонес е во тоа да пишувам блогови и текстови кои се достапни на www.ntcucenje.com каде што има многу теми кои можат да бидат интересни за родителите кои сакаат да научат.



















