
Мислам дека на децата веднаш им „светна сијаличката“. Навистина им стана јасно дека она што го видовме во внатрешноста на јаболкото, скапаните и кашести делови, се случува во секој од нас кога сме малтретирани со лоши зборови и постапки.
Кога луѓето се исмејувани, особено децата, тие внатрешно се чувствуваат ужасно, иако понекогаш тоа не го покажуваат пред другите.
Ако не го исечевме јаболкото на половина, никогаш немаше да дознаеме колку многу болка сме му причиниле.
Го споделив моето искуство за страдањето поради лоши зборови кои една личност ми ги има кажано минатата недела. Однадвор изгледав како да беше сè во ред, се смеев. Но, во внатрешно чувствував болка поради нечии зборови и бев повредена.
За разлика од јаболкото, ние имаме способност да го спречиме ова. Можеме да ги научиме нашите деца де не си кажуваат лоши зборови меѓу себе и да дискутираме какви чувства им предизвикуваат истите. Можеме да ги научиме да се поддржуваат еден со друг и да престанат со секаква форма на исмејување, како што денес постапи едно малечко девојче, кога одби да го навреди јаболкото.
Внатрешната болка ќе расте и расте ако никој од нас не преземе нешто за да го спречи исмејувањето. Ајде да создадеме генерација на мили и грижливи деца.
“Јазикот нема коски, но доволно е силен да скрши срце”!
Затоа, бидете внимателни со своите зборови.
Подготви – педагог Виолета Крстевска Васиќ


















