
Зборувавме за јаболката и децата ги опишаа како еднакви, црвени, со слична големина и привлечни за јадење.
Го подигнав јаболкото кое го фрлив на подот и почнав да им кажувам дека не ми се допаѓа, дека ми е одвратно, дека бојата му е ужасна, а дршката прекратка. Им кажав дека ако мене не ми се допаѓа, не би сакал и ним да им се допадне и дека треба да го нарекуваат со погрдни зборови.
Некои од децата ме гледаа како да сум луда, но си го подававме јаболкото еден на друг во круг, велејќи му: „Ти си смрдливо јаболко“, „Не знам зошто воопшто постоиш“, „Веројатно има црвја во тебе“ итн.
Навистина го измалтретиравме кутрото јаболко. Дури почна да ми станува жал за него.
Потоа, почнавме да си го подаваме второто јаболко, но нему му кажувавме убави зборови: „Ти си прекрасно јаболко“, „Твојата кожа е убава“, „Бојата ти е прекрасна“ итн.
Откако завршивме, ги зедов двете јаболка и пак зборувавме за сличностите и разликите меѓу нив. Немаше разлика, двете јаболка сè уште изгледаа сосем исти.
Ги пресеков јаболката на половина. Јаболкото со кое бевме љубезни беше чисто, свежо и сочно внатре. Јаболкото пак, на кое му кажувавме лоши зборови, беше скапано и кашесто во внатрешноста.

Продолжува на страна 3


















