Брускетите се популарна италијанска закуска, која ќе ја обожавате… Рецепт за одлични брускети со домати и босилек.
Потребно
- ½ француски багет
- 3 домати
- чешне лук
- 10 г кромид
- 5-6 ливчиња босилек
- 1 лажичка оригано
- 2 лажици маслиново масло
- сол и бибер
Подготовка
- Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени.
- Тавчето за печење обложете го со алуминиумска фолија.
- Доматите, лукот, кромидот и едно ливче босилек исечкајте ги на ситно и измешајте ги во еден сад.
- Потоа додадете сол, бибер и оригано по желба и полијте ги состојките со маслиново масло.
- Покријте го садот и оставете го 10 минути да отстои.
- Во меѓувреме багетот исечете го на тенки парчиња.
- Ставете малку маслиново масло на двете страни од лепчето и наредете ги во тавата.
- Печете ги 10 минути, додека не добијат светло кафена боја и додека не станат крцкави.
- Потоа, додека се топли, врз нив додадете од смесата од зеленчук и по некое ливче босилок.



















