Овој здрав и посен колач во моменти на одмор му овозможува на организмаот потполна релаксација и уживање во она што природата ни го дала.
Во основа е јаболката која можете да ја комбинирате со било кое овошје кое ќе ви се најде при рака, свежо, или замрзнато.
Во овој период од годината, една посета во добро опремен супермаркет, можете да најдете замрзнато овошје од секој вид. Јас купив аронија и шумско овошје.
Ова е комбинацијата за денешниов колач:
- 2 јаболка рендана
- Цимет мала лажичка или додадете по ваш вкус
- Една дланка аронија/вишна/малина/рибизла…
- 3 лажици мелен бадем/лешник/ореви…
- 5 лажици мелени овесни снегулки (во блендер)
- Прашок за пециво
- 2 лажици мед
- Посипете со парчиња дробен лешник или листови од бадем/син афион/шумско овошје/мед… *ова направете го на 25та минута од печењето
Се пече во веќе затоплена рерна на 200 степени 30 мин. во средно голеам тава на хартија за печење.