На интернет можат да се прочитаат најразлични природни лекови против ракот. Глуварчето, содата бикарбона, витаминот Б 17, се само дел од алтернативните лекови кои се препорачуваат во борбата против оваа смртоносна болест…
Стручните лица предупредуваат дека не треба да им се верува на овие „лекарства“, бидејќи нивната ефикасност не е научно потврдена. Онколозите не веруваат дека постои лекување карциноми без хемотерапија или без соодветен онколошки и радиотерапевтски третман.
Но, алтернативните лекови ако не ви помогнат, секако не може ни да ви одмогнат.
Во продолжение на текстот ви пренесуваме неколку природни лека против ракот.
Глуварче
Глуварчето е едно од најраспространетите и лесно достапни растенија на нашето поднебје. Тоа како лек првпат се споменува во записите на арапските лекари во десеттиот и единаесеттиот век. За глуварчето е карактеристично што може да се користи и јаде целото растение. Сите негови делови, коренот, стеблото, листовите и цветовите, има своја вредност и значење за здравјето.
Коренот од глуварчето се препорачува за лекувањето на карцином.
За да се користи, коренот мора прво да се исуши. Пред тоа треба внимателно да се излупи и да се исече на еднакви мали парчиња. Потоа се суши на свеж воздух, раширен на подлога во период од 3 до 14 дена. Дека е сув ќе препознаете кога ќе стане ронлив на допир. Сувиот корен ги задржува лековитите својства една година ако се чува во стаклен сад на суво и темно место. Коренот е добар за црниот дроб, бубрезите и за лимфата, лекува запек, артритис, ревма, хапатитис и ја чисти кожата. Изразито корисен е за женски заболувања, особено за болести на дојките како цисти, карциноми, отечени гради и проблеми со доењето и млекото.
Хрватскиот професор по генетика Маријан Јошт тврди дека глуварчето ги убива малигните клетки во организмот на човекот.
-Благодарение на ова растение, јас сум се’ уште жив, вели професорот, кој го потврди сознанието до кое дошле научниците од Универзитет Виндзор во Канада. Имено, чај од глуварчето дејствува на клетките зафатени со карцином, и тие се распаѓаат во рок од 48 часа, а за тоа време не заболува ниту една здрава клетка.
Продолжува на страна 2